Тешко повреден 25-годишен скопјанец откако со „мерцедес“ удрил во канделабра
- Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатничката Л.Д., на возраст од 34 години од село Радолишта, струшко, се здобила со телесни повреди.
- Post By Блаже Дарудов
- 13:16, 26 January, 2025
Скопје, 26 јануари 2025 (МИА) - Скопјанец се здобил со тешки повреди откако со возило удрил во канделабра, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат, синоќа во 23:30 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на булевар „Илинден“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С., на возраст од 25 години, удрило во метална канделабра.
Во несреќата, Ф.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатничката Л.Д., на возраст од 34 години од село Радолишта, струшко, се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР - Скопје. бд/нд/
Фото: МИА архива