• Monday, 27 January 2025

Сочувство од МД “Илинден“ - Тирана по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија

Сочувство од МД “Илинден“ - Тирана по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија

Тирана, 26 јануари 2025 (МИА) - Македонското друштво "Илинден" -Тирана упати сочувство до Албанската православна автокефална црква и до верниците по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија.

- Во мое лично име,  во име на македонското друштво „Илинден“-Тирана и македонското национално малцинство во Република Албанија, изразувам најдлабоко сочувство за упокојувањето во Бога на архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас Јанулатос, стои во телеграмата со сочувство, потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Се додава дека неговото упокојување е "голема загуба за Автокефалната православна црква на Албанија и за сите нас православните верници во Албанија".

- Незаборавниот архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, Неговата Светост Анастас, со својата божествено вдахновена визија и длабока љубов кон Христа и Неговата Црква, ја обнови и воздигна, од урнатините што ги остави атеистичкиот режим, ја подигна земјата во величенствена храм на верата, надежта и љубовта. Со неуморна трудољубивост и пожртвувана служба повеќе од три децении, наведува друштвото.

Се посочува дека е незаборавно неговото наследство што го оставил во полза на  Автокефалната православна црква на Албанија и се посакува "Вечен и благословен во Бога нека му е споменот".

Архиепископ Анастас почина на вчера наутро на 95-годишна возраст, во болница во Атина. На 30 декември беше примен во болница во Тирана со сезонски вирус, меѓутоа ситуацијата се влошила, па на 3 јануари во вечерните часови со авион на грчкото воено воздухопловство, итно беше пренесен во болница во Атина.  вт/аа/

Фото: МИА архива