• Wednesday, 15 January 2025

СДСМ тврди дека експресниот пат Градско – Дреново е над 92 проценти реализиран од нив

СДСМ тврди дека експресниот пат Градско – Дреново е над 92 проценти реализиран од нив

Скопје, 14 јануари 2025 (МИА) - Пратеникот од СДСМ Миле Талески денеска изјави дека експресниот пат Градско - Дреново е над 92 проценти реализиран од владата на СДСМ. 

- Овој проект, вреден над 37 милиони евра, е дел од посветената работа на СДСМ во развојот на патната инфраструктура и подобрување на животот на граѓаните од овој крај, изјави Талески.

Како што напомена, владата на СДСМ ги завршила трите клучки кај Градско, Росоман и Дреново, четирите вијадукти, сите мостови, натпатници и потпатници, како и 98 проценти од поставениот асфалт.

Тој додаде дека и делницата од Дреново до Фариш е над 80 проценти реализирана од владата на СДСМ.

- Беа пробиени и двата тунели на оваа делница и зошто власта сега доцни е прашање. Реализацијата на овој проект е огромно економско значење за сите граѓани, особено за жителите на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Градско. Пат кој значи подобрување на локалната економија, но и безбедноста на граѓаните, затоа што станува збор за пат направен по европски стандарди. СДСМ многу инвестираше во различни проекти, особено во патната инфраструктура. Целосно ја обновивме патната делница кај Плетвар, патот од Прилеп кон езерото, а ја започнавме реализацијата на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола како дел од Коридорот 10д, прв автопат во овој регион, додаде Талески. бт/бак/

Фото: СДСМ

You May Also Like