• Wednesday, 26 June 2024

Стојковиќ: Српските навивачи треба да се гордеат со овој тим

Стојковиќ: Српските навивачи треба да се гордеат со овој тим

Минхен, 26 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ е задоволен од изданието на неговите избраници на синоќешната средба со Данска и покрај неповолниот резултат.

Србија синоќа во Минхен одигра 0:0 со Данска во натпреварот од 3. коло на групниот турнир на Евро 2024 година.

- Разочарани сме затоа што не можевме да го направиме чекорот што ни недостасуваше. Се играше рамноправно, сакавме да постигнеме гол, но, за жал, не успеавме. Горд сум на моите момци. Србија ја покажа својата најдобра страна во група со рамноправни противници. Српските навивачи треба да се гордеат со овој тим. Се боревме до последната секунда и благодарен сум на навивачите што толку силно не поддржаа на сите три натпревари, го цитира Стојковиќ прес-службата на УЕФА.

Репрезентацијата на Данска од второто место се пласираше во плејофот за ЕП 2024, каде ќе игра против Германија. Србија заврши на последното место во групата и го напушти Европското првенство. зс/

Фото: ЕПА