• Wednesday, 03 July 2024

Средба Муцунски – Дуџијак, се разговарало за Рамката за соработка за одржлив развој 2021 – 2025

Средба Муцунски – Дуџијак, се разговарало за Рамката за соработка за одржлив развој 2021 – 2025

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ja прими постојаната координаторка на ОН во земјава, Росана Дуџијак. На средбата стана збор за Рамката за соработка за одржлив развој 2021 – 2025, при што беше нагласено дека нејзината имплементација ќе придонесе и за целосна реализација на Целите за одржлив развој до 2030, на што земјава е во целост посветена, информираат од МНР.

Министерот се заблагодарил на досегашната поддршка на Канцеларијата на Резидентниот координатор на ОН во земјава во исполнувањето на нашите национални приоритети, нагласувајќи ја посветеноста на новата Влада на реформските процеси и понатамошниот демократски развој.

Дополнително, била поздравена континуираната поддршка од ОН за севкупниот напредок на нашата земја преку различни проекти и активности, нагласувајќи дека истите ги помагаат и нашите клучни процеси, како што е процесот на пристапување во ЕУ.

Воедно, стана збор и за нашето учество на Генералното собрание на ОН, што ќе се одржи во септември оваа година, како и за календарот на активности во претстојните месеци. сст/ев/