• Thursday, 04 July 2024

Средба на министерката Јаневска со австрискиот амбасадор Памер

Средба на министерката Јаневска со австрискиот амбасадор Памер

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска остварила средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер на која биле потенцирани добрите пријателски и партнерски односи помеѓу двете земји, кои се рефлектираат и во областа на образованието и науката.

Од МОН денеска соопштија дека соговорниците изразиле задоволство што години наназад Македонија и Австрија спроведуваат билатерални научно истражувачки проекти, а се разменуваат и позитивни образовни искуства.

- Изразија очекувања дека соработката насочена кон унапредување на образовните практики ќе продолжи и во иднина и дека уште повеќе ќе се интензивира, се додава во соопштението од Министерство за образование и наука. цр/ев/

Фото: МОН