• Monday, 17 March 2025

Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за трагедијата во Кочани

Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за трагедијата во Кочани

Атина, 17 март 2025 (МИА) – Порака со сочувство за трагедијата во Кочани, испратил вселенскиот патријарх Вартоломеј до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до митрополитот Брегалнички Иларион, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Вселенската патријаршија, Вартоломеј „му се моли на Бога за успокојување на душите на жртвите и да ги поддржи нивните семејства, како и да помогне во брзото закрепнување на здравјето на повредените“.

-Исто така, изразува сочувство и поддршка од светата голема Христова црква и лично од него до народот на Северна Македонија, кој е погоден од трагедијата, соопштија од Вселенската патријаршија. ср/вг/

Фото: Вселенската патријаршија