• Monday, 17 March 2025

Сочувство до семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани од Единствената горанска партија и од Македонците од Голо Брдо

Сочувство до семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани од Единствената горанска партија и од Македонците од Голо Брдо

Дебар, 15 март 2025 (МИА) - Сочувство до семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани упати Единствената горанска партија и нејзиниот лидер Адем Хоџа.

- Од мое и од име на партијата и целиот горански народ упатување длабоко и искрено сочувство до семејствата на настрадани а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување. Во овие тешки моменти нашите мисли  и поддршка се со нив, стои во објавата.

Ова е голема загуба за Северна Македонија, а „болката и тагата ја делиме со сите погодени семејства".

Длабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите и брзо закрепнување на повредените, повредените во трагедијата во Кочани, изразија и Македонците од областа Голо Брдо.

Во овие тешки моменти мислите и молитвите на Македонците од Голо Брдо се со сите семејства и нашите браќа и сестри во Македонија. Ова е голема загуба за Македонија, ја споделуваме болката на семејства на настраданите. Заминаа недолжни млади луѓе, нека почиваат во мир, нека светлината ја води нивната патека во вечноста, напиша во објава Едмонд Османи, познат македонски активист и администратор на административната единица Требиште. вт/цр

Фото: фејсбук

 

You May Also Like