• Saturday, 17 January 2026

Сообраќајот по претежно суви коловози

Сообраќајот по претежно суви коловози

Скопје, 16 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информира АМСМ. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. лв/рп/

фото: МИА архива