• Thursday, 12 February 2026

Сообраќајот по влажни коловози

Сообраќајот по влажни коловози

Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. На патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром воведена е девијација поради сообраќајна незгода. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.лв/бак/

фото: МИА архива