Пешевска: Го повикувам Клубот на пратенички, жените од СДСМ и од сите партии да застанеме заеднички против навредливиот говор кон жените
- Навредата кон жена (без разлика на партиската припадност) е напад врз сите жени во јавниот живот! Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, остро го осудувам говорот со кој пратеничка е наречена „монструм“!, вели Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, во објава на Фејсбук споделена од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја објавува интегрално.
11 февруари 2026
Навредата кон жена (без разлика на партиската припадност) е напад врз сите жени во јавниот живот! Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, остро го осудувам говорот со кој пратеничка е наречена „монструм“!, вели Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, во објава на Фејсбук споделена од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја објавува интегрално.
Тоа е деградирачки и понижувачки наратив насочен кон жена затоа што гласно зборува и ја говори вистината.
Остро го осудувам Слободан Трендафилов за навредливиот говор и обидите преку манипулација на работниците да гради личен и политички профит!
Ваквиот говор не ја труе само политичката дебата, туку испраќа опасна порака до сите девојчиња и жени дека јавниот простор е место каде навредата е дозволена.
Тоа не смееме да го нормализираме!
Дафина Стојаноска е пример за силна, гласна и храбра жена која не се повлекува пред притисоци и напади, туку достоинствено ја брани својата позиција.
Го повикувам Клубот на пратенички и сите жени во Собранието, без оглед на политичката боја, да застанеме јасно и заеднички против ваквиот говор.
Денес е нападната една пратеничка, утре метата може да биде било која од нас.
Достоинството на жените во политиката е прашање на вредности и на демократска зрелост!
https://www.facebook.com/share/1AoZ2hn7M7/
фото: Фејсбук Жаклина Пешевска