• Friday, 17 April 2026

СМИР реагира на присуството на сомнителни лица во реканскиот крај, кои се претставуваат дека се од „Евангелије за секој дом"

СМИР реагира на присуството на сомнителни лица во реканскиот крај, кои се претставуваат дека се од „Евангелије за секој дом

Дебар, 15 април 2026 (МИА) - Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) реагира на присуството на  сомнителни лица во реканскиот крај, Општина Маврово и Ростуше,  кои се претставуваат дека се  од „Евангелије за секој дом". 
 
- Најостро реагираме на присуството  на сомнителни лица, кои се претставуваат како преставници на здружение "Евангелије за секој дом",  во селата на реканскиот крај, населени со население со исламска религија, притоа растурајќи пропаганден материјал несоодветен за ова население, стои во реакцијата. 
 


Претседателот на Сојузот, Љатиф Пајковски, за МИА рече дека  бараат брза реакција на надлежните органи и да се потврди дали имаат соодветни одобренија и кој им ги издал. 
 
-Ваквата појава може во голема мера да ги наруши традиционално добрите меѓу религиски и меѓуетнички односи во овој регион, оценува Пајковски,  кој живее во долнореканското село Жировница.вт/ 
Фото: СМИР

You May Also Like