Слот за елиминацијата на Ливерпул од ФА Купот: На ваков натпревар, еден момент решава сè
- Тренерот на Ливерпул, Арне Слот се осврна на вчерашниот пораз на тимот во осминафиналето на ФА Купот на натпреварот против Плимут (0:1).
![Слот за елиминацијата на Ливерпул од ФА Купот: На ваков натпревар, еден момент решава сè](https://mia.mk/images/20250210134347_big_730x400_39.webp )
Ливерпул, 10 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Арне Слот се осврна на вчерашниот пораз на тимот во осминафиналето на ФА Купот на натпреварот против Плимут (0:1).
- Одличен настап од Плимут. Добар план за игра, заслужуваат пофалби. Немавме многу добар ден и овој резултат е реален. Не можам да кажам дека момците не се бореа. Двете екипи речиси и да не создадоа шанси за гол, а потоа се случи пенал. Во ваква игра, еден момент одлучува. Тој се појави за Плимут и тие заслужија да победат. Тешко е да се создаваат шанси против овој систем на игра. Не бев изненаден од ова. Противникот беше многу агресивен кога ја имавме топката. Сите сме разочарани. Сакавме да одиме што подалеку. Мораме да бидеме покреативни, изјави Слот за „Sky Sports“.
Ливерпул го заврши учеството на турнирот. Плимут се пласираше во осминафиналето, а противникот во следната рунда ќе биде одреден со жрепка.
Ливерпул е лидер во Премиер лигата со 56 бода од 23 натпревари. Плимут е на дното во Чемпионшип со 25 бода по 30 натпревари. зс/
Фото: ЕПА