СКСМ: Азески ја поддржа намерата на Владата за одговорност за трагедијата во Кочани
- - Бротчето во Охрид, автобусот кај Ласкарци, авионите во Охрид и Скопје, модуларната болница во Тетово и последниот случај во Кочани со дискотеката „Пулс“, ја потврдија тезата дека не успеавме да изградиме држава која структурално ќе функционира во интерес на граѓаните, туку живееме во држава која 34 години после својата независност сеуште работи во корист на нивната штета. Да не зборувам за приватниот бизнис - сектор затоа што моите ставови ви се познати. Овде е потребен само еден збор – одговорност, којашто Владата на премиерот Мицкоски мора да ја издигне на највисок пиедестал. Тоа значи санкции за сите, попуст за никого, се посочува во писмената изјава на Азески.

You need to login to view this page en