Синер ги загрижи обожавателите: Имав вртоглавица, разговарав со лекар
- Бранителот на титулата Јаник Синер призна дека имал среќа да го преживее неговиот натпревар од четвртото коло на Австралија опен против Холгер Руне.
- Post By Спорт Миа
- 17:51, 20 January, 2025
Мелбурн, 20 јануари 2025 (МИА) - Бранителот на титулата Јаник Синер призна дека имал среќа да го преживее неговиот натпревар од четвртото коло на Австралија опен против Холгер Руне.
Се чинеше дека Синер е во голема неволја откако го загуби вториот сет и зеде долг медицински тајмаут на почетокот на третиот додека се обидуваше да остане на ниво. Италијанскиот тенисер на крајот постигна успех над Данецот со 6:3, 3:6, 6:3, 6:2.
- Не се чувствував многу добро. Мислам дека го видовте тоа. Веќе разговарав со докторот пред да излезам на терен. На моменти ми се вртеше малку. Не сакам да навлегувам во детали, изјави Италијанецот. .
Следен противник на Синер ќе биде Австралиецот Алекс Де Минаур, кој стигна до своето четврто последователно Гренд слем четвртфинале и прв во Австралија со победата над Американецот Алекс Микелсен со 6:0, 7:6(5), 6:3. дс
Фото: Архива