Узбекистанецот Хусанов ново засилување на Сити
- Абдукодир Хусанов и официјално е претставен како играч на Манчестер Сити.
- Post By Спорт Миа
- 21:32, 20 January, 2025
Манчестер, 20 јануари 2025 (МИА) - Абдукодир Хусанов и официјално е претставен како играч на Манчестер Сити.
Момчето кое има само 20 години и игра за репрезентацијата на Узбекистан, според информациите на Островот пристигнал од Ленс за 40 милиони евра.
Оваа година младиот дефанзивец одигра 16 натпревари за францускиот клуб, а договорот го врзуваше со Ленс до 2027 година.
Тој во Франција пристигна пред година и пол од Белорусија, каде беше член на второлигашот Енергетик БГУ. Тогаш бил платен само 100.000 евра, а сега цената му е 400 пати повисока. дс
Фото: Х/Манчестер Сити