СЗО: Масовната вакцинација на децата во Газа против детска парализа ќе продолжи во сабота
- Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека во сабота ќе продолжи масовна кампања за вакцинација против детска парализа во Појасот Газа, со цел да се вакцинираат повеќе од половина милион деца.

Женева, 19 февруари 2025 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека во сабота ќе продолжи масовна кампања за вакцинација против детска парализа во Појасот Газа, со цел да се вакцинираат повеќе од половина милион деца.
„Сегашната средина во Газа, вклучително и пренатрупаноста во засолништата и сериозно оштетената водоводна и санитарна инфраструктура и инфраструктурата за одржување хигиена, што го олеснува фекално-оралниот пренос, создава идеални услови за понатамошно ширење на полиовирусот“, се вели во соопштението на СЗО.
Се додава дека големите движења на населението поради сегашниот прекин на огнот најверојатно ќе го влошат ширењето на инфекцијата со полиовирусот.
Детската парализа е многу заразна вирусна болест која примарно ги погодува децата на возраст под пет години и може да предизвика неповратна парализа на екстремитетите.
Вирусот, категоризиран како тип еден, тип два и тип три, се шири преку контаминирана вода или храна и го напаѓа нервниот систем. рп/
Фото: МИА архива