СВР Тетово го расчисти сообраќајниот метеж настанат во Маврово
- Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти дека сообраќајот во Маврово е нормализиран и се одвива без проблеми.
- Post By Виолета Геров
- 18:03, 6 January, 2025
Скопје, 6 јануари 2025 (МИА) -Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти дека сообраќајот во Маврово е нормализиран и се одвива без проблеми.
Согласно годишниот план за постапување во зимски услови, на подрачјето на Маврово е воведен кружен тек на движење на возилата за да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Но, поради непочитување на правилата и препораките, во текот на вчерашниот ден настанаа проблеми во одвивањето на сообраќајот. За да се надминат проблемите и да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во Маврово, ОВР Гостивар дополнително ангажираше дваесетина полициски службеници од другите полициски одделенија за да со физичко регулирање на сообраќајот се надминат проблемите, што беше и направено, наведуваат од СВР Тетово.
Воедно, апелираат до граѓаните, да ги почитуваат сите правила и прописи во сообраќајот, да не ги паркираат нивните возила на коловоз, да ги почитуваат наредбите од полициските службеници во врска со поставениот сообраќаен режим и да се движат согласно предвидените правила. Взачите ги потсетуваат, да не тргнуваат во правец на Маврово и Попова Шапка со летни гуми и без соодветна зимска опрема, затоа што, наведуваат, на тој начин го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.
-Апелираме до возачите да придонесеме сите заедно за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, стои во соопштението. вг/
Фото: МИА Архива