МВР Билтен (ДПЛ)
- Вчера околу 15 часот во СВР - Скопје, пријавено било дека на подрачјето на Гази Баба, во стан пронајдена била почината Е.С., 43-годишна скопјанка, каде живеела како потстанар.
- Post By Блаже Дарудов
- 15:44, 7 January, 2025
Скопје, 7 јануари 2025 (МИА) - Во Струмица во 10 часот, вчера, полициски службеници го лишиле од слобода В.К., 39-годишно лице од овој град.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена била кафена прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Струмица. По документирање на случајот, против В.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска во период од 2:20 до 4:20 часот, полициски службеници извршиле акциска контрола во угостителски објект на регионалниот пат Тетово - Желино.
Поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени девет странски државјанки, од 21 до 38-годишна возраст, од Франција, Србија, Украина, Колумбија и од Бразил. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
Вчера во 17:10 часот во СВР - Скопје, 49-годишна жена пријавила дека околу 17 часот во семејниот дом во скопско село, била физички нападната од нејзиниот сопруг Љ.С..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 12 часот во СВР - Скопје, пријавено било дека околу 11:40 пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу скопјанките Џ.Р., на 23-годишна возраст и Д.Н., на возраст од 39 години.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Синоќа во 20 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, настанал пожар во куќа, при што била опожарена соба и дел од кровот.
Пожарот бил изгаснат од скопската Бригада за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР - Скопје.
Вчера околу 15 часот во СВР - Скопје, пријавено било дека на подрачјето на Гази Баба, во стан пронајдена била почината Е.С., 43-годишна скопјанка, каде живеела како потстанар.
Од лекар на Итната медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција. бд/бак/
Фото: МИА архива