Сведоштво на Христо поп Антов: Како се славела Прочка во кавадаречко во 90-тите години на 19 век
- Во секој куќа мораше да има сукана баклава или најмалку кадаиф и гурабии, но овие две блага немаа голем углед. Поради Прочка, мајка ми уште два-три дена пред празникот сукаше баклава за најголемата тепсија. Многу пред тоа ги подготвуваше потребните материјали: пресно или топено масло, ореви, нишесте, брашно. Во четвртокот пред неделата, таа ги сукаше корите, а ние само се вртевме околу неа. Правеше 60 или 70 кори, тенки како цигарена хартија и ги редеше во тепсијата, при што од краиштата на корите во помала тепсија правеше друга баклава, таканаречена „сиромашка баклава“.
You need to login to view this page en