Ѓорѓиевски на ФБ: Со премиерот Мицкоски вчеравечер извршивме увид во градежните активности на булеварот „Македонија“
- Вечеравечер заедно со премиерот Христијан Мицкоски извршивме увид во градежните активности на еден од најзначајните и за мене најдраги инфраструктурни проекти, булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива својата прва подземна сообраќајница. Работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во вечерните часови, кога сообраќајот е намален и не се создаваат дополнителни гужви. Оваа пракса на интензивна работа ќе продолжи сè до крајот на мојот мандат, напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил.
You need to login to view this page en