• Monday, 22 July 2024

САД: Тајната служба призна дека ги одбила барањата на тимот на Трамп за засилено обезбедување

САД: Тајната служба призна дека ги одбила барањата на тимот на Трамп за засилено обезбедување

Вашингтон,, 21 јули 2024 (МИА) - Тајната служба на САД соопшти дека отфрлила некои барања од предизборниот тим на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да ја зголеми безбедноста на неговите митинзи во годините пред обидот за атентат на 13 јули, пренесе Бета.

Веднаш по неуспешниот атентат на 13 јули, агенцијата негираше дека ги одбила таквите барања. Но, Тајната служба една недела по убиството на Трамп призна дека одбила некои барања за зголемување на безбедноста на поранешниот претседател.

Тоа признание најверојатно ќе биде клучно прашање на конгресното сослушување в понеделник, каде директорката на тајната служба Кимберли Читл ќе се појави пред пратениците, кои веќе изразија вознемиреност поради безбедносните пропусти што му дозволија на 20-годишниот вооружен напаѓач да се качи на покривот на зграда на митингот на Трамп во Батлер, Пенсилванија.

Трамп потоа беше ранет во десното уво, еден учесник на митингот беше убиен, а други двајца беа ранети.

Секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајорка рече дека она што се случи е неуспех во службата, додека неколку републикански конгресмени ја повикаа Читлова да поднесе оставка или да биде отпуштена. Засега Читлова ја има поддршката од демократскиот претседател Џозеф Бајден и од Мајоркас.

Бајден нареди независна истрага. Одделот за домашна безбедност и конгресната комисија исто така истражуваат.

Трамп вели дека не добил никакви индикации дека сомнително лице било идентификувано кога пристигнал на подиумот во Пенсилванија.

Некои учесници на митингот во интервјуата по обидот за атентат рекоа дека го виделе напаѓачот како се качува на покривот пред Трамп да излезе на бината и дека ја известиле полицијата и другите безбедносни служби, но дека немало одговор.

Трамп праша и како напаѓачот успеал да пристапи до покривот на зградата носејќи оружје. мс/

фото: ЕПА