• Tuesday, 23 July 2024

Руско Министерство за одбрана: Ноќеска соборени 75 украински беспилотни летала

Руско Министерство за одбрана: Ноќеска соборени 75 украински беспилотни летала

Москва, 22 јули 2024 (МИА) - Руските сили за воздушна одбрана синоќа соборија 75 украински беспилотни летала над руска територија, соопшти руското Министерство за одбрана.

ПВО пресретнала и уништила 47 беспилотни летала над Ростов, по еден над регионите Белгорд, Воронеж и Смоленск и осум над провинцијата Краснодар.

Соборени се 17 дронови над водите на Црното и Азовското Море, се наведува во соопштението. зш/