САД бараат од Катар да го протера Хамас
- -Откако повторно го отфрлија предлогот за ослободување на заложниците, лидерите на Хамас повеќе не треба да бидат добредојдени во главните градови на ниту еден американски партнер. Ова му го нагласивме на Катар откако Хамас пред неколку недели отфрли друг предлог за ослободување на заложниците, изјави високиот функционер кој посака анонимност.
Вашингтон, 9 ноември 2024 (МИА) – САД му порачаа на Катар дека Хамас повеќе не е добредојден во Доха, откако милитантната група го одби нејзиниот последен предлог за прекин на огнот и договор за ослободување на заложниците, изјави високото позициониран американски функционер за британските медиуми.
Катар, заедно со САД и Египет, одиграа важна улога во досегашните неуспешни преговори за прекин на огнот во едногодишната војна во Газа. Во последната рунда преговори во средината на октомври не беше постигнат договор бидејќи Хамас го одби предлогот за краткорочен прекин на огнот.
-Откако повторно го отфрлија предлогот за ослободување на заложниците, лидерите на Хамас повеќе не треба да бидат добредојдени во главните градови на ниту еден американски партнер. Ова му го нагласивме на Катар откако Хамас пред неколку недели отфрли друг предлог за ослободување на заложниците, изјави високиот функционер кој посака анонимност.
Катар им го пренел барањето на лидерите на Хамас пред околу 10 дена, рече официјалниот претставник. Вашингтон и порача на Доха дека сега е вистинското време да се затвори политичката канцеларија на групата.
Тројца претставници на Хамас изјавија дека Катар им соопштил на лидерите на Хамас дека повеќе не се добредојдени во земјата.
Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи не даде коментар.
Не е јасно дали Катар им дал конкретен рок на лидерите на Хамас да ја напуштат земјата.сд/
фото:ЕПА