• Wednesday, 25 December 2024

Руски брод потона по експлозија

Руски брод потона по експлозија

Мадрид, 24 декември 2024 (МИА) - Рускиот брод „Урса мајор“ потона во меѓународните води меѓу Шпанија и Алжир, по експлозија во фабриката за машини, јавија шпанските медиуми.

Четиринаесет членови на екипажот беа спасени вчера и однесени во пристаништето Картагена, но двајца морнари се уште се водат како исчезнати.

Бродот под руско знаме го напушти Санкт Петербург пред 12 дена и се упати кон пристаништето Владивосток, каде што требаше да пристигне на 22 јануари.

Според весникот „Еспањол“, во спасувачката акција учествувале неколку бродови лоцирани во истото подрачје, а подоцна во потрагата се вклучиле и шпански спасувачки брод и патролен брод на шпанската морнарица.

„Урса мајор“ е товарен брод стар 15 години, изграден во 2009 година. мс/

фото: МИА архива