• Saturday, 27 July 2024

Руска хакерска група објави информации за повеќе од 3.200 странски платеници

Руска хакерска група објави информации за повеќе од 3.200 странски платеници

Москва, 26 јули 2024 (МИА) - Хакерската група „РаХдит“ објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници кои се борат на украинската страна.

„На денот на отворањето на Олимписките игри во Франција, сакаме да ја потсетиме светската заедница дека нивните сонародници се вклучени во злосторствата на режимот (украинскиот претседател Володимир) Зеленски. Објавуваме (податоци) за повеќе од 3.200 странски платеници кои се борат за украинските вооружени сили“, објави групата.

Меѓу платениците е и Мауринс Кристапс, роден 1991 година, кој живее во Летонија. Во 2014 година, тој учествуваше на Зимските олимписки игри во Сочи. зш/