• Thursday, 26 December 2024

Руската област Краснодарск прогласи вонредна состојба поради излевањето нафта во Црното Море

Руската област Краснодарск прогласи вонредна состојба поради излевањето нафта во Црното Море

Москва, 25 декември 2024 (МИА) - Властите во Краснодарската област на југот на Русија денеска прогласија вонредна состојба во целиот регион, поради нафтата што морето продолжува да ја исфрла на брегот, десет дена откако истече од два танкери во Црното Море.

Загадувањето што ги покрива песочните плажи во близина на популарното одморалиште Анапа предизвика сериозни проблеми за морските птици и делфините бидејќи околу 10.000 луѓе се обидуваат да го исчистат.

Гувернерот на Краснодарската област Вениамин Кондратиев изјави дека одлучил да прогласи вонредна состојба на регионално ниво бидејќи нафтата од морето сè уште ги загадува бреговите на областите Анапа и Темрјук. паг/

Фото: МИА архива