• Thursday, 26 December 2024

Израелски медиуми: Преговорите за прекин на огнот заглавија поради спорот со списокот на заложници

Израелски медиуми: Преговорите за прекин на огнот заглавија поради спорот со списокот на заложници

Тел Авив, 25 декември 2024 (МИА) – Одбивањето на Хамас да го предаде списокот со имињата на заложниците што сè уште ги држи го попречува напредокот во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, јавија денеска израелските медиуми.

По повеќе од една недела интензивни преговори, со посредство на Катар, Египет и САД, Израел вчера ги повлече своите преговарачи, потсетува ДПА.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека треба да се одржат внатрешни консултации за продолжување на преговорите.

Според извештаите, извори на Хамас рекле дека се подготвени да предадат список на заложници кои би можеле да бидат ослободени во првата фаза по прекинот на огнот, но го одбиле барањето на Израел да обезбеди комплетна листа на 100-те заложници кои наводно се уште се живи. јт/