• Thursday, 18 July 2024

Руската компанија Форес ќе плати награда од 15 милиони рубљи за првиот соборен Ф-16

Руската компанија Форес ќе плати награда од 15 милиони рубљи за првиот соборен Ф-16

Москва, 17 јули 2024 (МИА) - Руската компанија Форес има намера да исплати награда од 15 милиони рубљи на руските борци кои ќе го уништат првиот американски борбен авион Ф-16 во зоната за специјални операции, објави Илја Потанин, заменик извршен директор на таа компанија.

„Ќе има награда и за уништувањето на борбените авиони Ф-15 и Ф-16. За уништувањето на првиот авион наградата ќе биде 15 милиони рубљи (нешто повеќе од 155 илјади евра)“, рече тој обраќајќи им се на војниците на борбената група Центар во врска со исплатата на средства за уништување на западните тенкови на бојното поле во Украина.

Претходно, на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, генералниот директор на компанијата Сергеј Шмотиев потврди дека за првиот соборен борбен авион Ф-16 ќе биде доделена награда од 15 милиони рубљи. паг/

Фото: МИА архива