Русинката Андреева најмлада финалистка на ВТА 1000 турнирите
- Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева продолжи да ги победува фаворизираните противнички и да поставува турнирски рекорди, а совладувајќи ја денеска во Дибаи шестата носителка Елена Рибакина со 6-4, 4-6, 6-3 стана најмладата финалистка во историјата на ВТА турнирите од серијата 1000, кои се вклучени во календарот од 2009 година.

Дубаи, 21 февруари 2025 (МИА) – Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева продолжи да ги победува фаворизираните противнички и да поставува турнирски рекорди, а совладувајќи ја денеска во Дибаи шестата носителка Елена Рибакина со 6-4, 4-6, 6-3 стана најмладата финалистка во историјата на ВТА турнирите од серијата 1000, кои се вклучени во календарот од 2009 година.
Рибакина беше на прагот на пресврт откако го загуби првиот сет, но го доби вториот, а во третиот имаше водство од 3-1. Сепак, Андреева нанижа пет гемови за победа, освојувајќи три гема во кои Рибакина беше на сервис.
Ден претходно Андреева ја елиминираше втората носителка Ига Швјонтек од Полска и стана најмладата полуфиналистка во Дубаи.
За младата Русинка ова е најголем успех во кариерата и вкупно трето финале. Минатата година ја освои првата титула на ВТА 250 во романски Јаши, а во октомври беше поразена во финалето на турнирот ВТА 500 во кинески Нингбо од сонародничката Дарија Касаткина
Андреева во утрешното финале ќе се соочи со победничката од вториот полуфинален меч меѓу Данката Клара Таусон и Каролина Мучова од Чешка. ег
ФОТО: Фејсбук