• Saturday, 22 February 2025

Медиуми: Мота пред отказ во Јувентус

Медиуми: Мота пред отказ во Јувентус


Торино, 21 февруари 2025 (МИА) – Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота би можел да добие отказ, пренесуваат денеска италијанските медиуми.
Според истите извори, раководството на италијанскиот гигант е незадоволно по елиминацијата од ПСВ во плејоф рундата од Лигата на шампиони и работата на Мота во клубот е доведена во прашање.
Мота ја презеде тренерската функција во Јувентус во летото 2024 година, а претходно беше на чело на Болоња.
По 22 кола, торинскиот тим е на четвртото место на табелата во Серија А, со 46 бодови. ег
ФОТО: ЕПА