• Monday, 01 July 2024

Роналдо рекордер по бројот на одиграни натпревари во низа на ЕП

Роналдо рекордер по бројот на одиграни натпревари во низа на ЕП

Дортмунд, 22 јуни 2024 (МИА) – Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо постави рекорд на Европските првенства по бројот на одиграни натпревари во низа.

Натпреварот против Турција на групниот турнир на Евро 2024 беше 19-ти по ред за 39-годишниот напаѓач. Претходниот рекорд му припаѓаше на италијанскиот дефанзивец Леонардо Бонучи.

Роналдо го држи и рекордот по бројот на учества на Евро - 6. 

Напаѓачот на Ал-Наср има 27 натпревари на ЕП, што е турнирски рекорд. Второто место на листата го зазема португалскиот дефанзивец Пепе (21), трето неговиот сонародник Жоао Мутињо (19). зс/