• Tuesday, 02 July 2024

Пол Џорџ кариерата ќе ја продолжи во Филаделфија

Пол Џорџ кариерата ќе ја продолжи во Филаделфија

Лос Анџелес, 1 јули 2024 (МИА) – Досегашниот кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Пол Џорџ кариерата ќе ја продолжи во Филаделфија.

НБА-ѕвездата ќе потпише договор со својот нов клуб на 4 години и 212 милиони долари.

Опцијата за „играч“ ќе важи за последната сезона.

Џорџ ги помина последните години во Клиперс, но не успеа да постигне договор со клубот за продолжување. Искористувајќи ја опцијата во неговиот договор, Пол се откажа од својата последна сезона и стана слободен агент.

Минатата сезона Џорџ имаше просек од 22,6 поени, 5,2 скока, 3,5 асистенции и 1,5 украдена топка по натпревар. зс/

Фото: ЕПА