• Thursday, 03 October 2024

Расчистени неколку диви депонии во Центар и Карпош

Расчистени неколку диви депонии во Центар и Карпош

2 октомври 2024 

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 30 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Центар и Карпош.

Активностите се одвиваа на кејот „13-ти Ноември“, во строгиот центар на градот, каде што е отстранета дива депонија составена претежно од картонска амбалажа и органски отпад.  Интервенирано е и на булеварот Гоце Делчев, на паркинг- просторот пред хотелот „ВИП“, каде што се подигнати приближно 10 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.

ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти и уште една обемна дива депонија, лоцирана на улицата Брадфордска, во непосредна близина на ресторанот „Македонска куќа“, во скопската општина Карпош.

ЈП Комунална хигиена-Скопје

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки