Приведени скопјани барани со потерници
- Полициски службеници денеска лишија од слобода двајца скопјани барани со потерници, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
- Post By Блаже Дарудов
- 14:33, 14 January, 2025
Скопје, 14 јануари 2025 (МИА) - Полициски службеници денеска лишија од слобода двајца скопјани барани со потерници, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Во 5:10 часот на улицата „Алија Авдовиќ“, полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје го лишиле од слобода 48-годишниот Н.С., кој бил баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд - Скопје за затворска казна од три години и два месеца за сторено кривично дело во врска со член 396 од КЗ - неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.
- Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа, потенцираат од Министерството за внатрешни работи.
Во 7:35 часот на улицата „134“, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР - Скопје го лишиле од слобода 46-годишниот Б.Ѓ., кој бил баран со централна потерница по наредба на OJO - Скопје, во врска со член 215 од КЗ - неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што додаваат од Министерството, лицето ќе биде предадено на ОЈО - Скопје. бд/дма/
Фото: МИА архива