• Tuesday, 11 February 2025

Претседателот на ФИА призна дека радио повиците на Ф1 возачите може да бидат прекинати да се емитуваат во живо поради пцовки

Претседателот на ФИА призна дека радио повиците на Ф1 возачите може да бидат прекинати да се емитуваат во живо поради пцовки

Лондон, 10 февруари 2025 (МИА) – Светската автомобилистичка федерација (ФИА) е подготвена да преземе строги мерки против вулгарни зборови искажани преку тимските радија.

Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем изјави дека борбата против пцуењето во Формула 1 може да доведе до тоа радиокомуникации на возачите да не се емитуваат во живо.

-Дали ќе ги затвориме преносите во живо на радио? Можеби. Дали треба да воведеме одложување? Можеби. Има многу што може да се направи. Сè уште го поседуваме шампионатот, изјави Бин Сулејем.

Во преносите на Ф1 преговорите се прикажуваат со задоцнување, а пцовките се цензурирани. Во исто време, претплатниците на F1 TV можат да го слушаат радиото на возачите во реално време. зс/

Фото: ЕПА