• Friday, 06 March 2026

Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури

Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури

Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Утре и во сабота ќе преовладува претежно сончево време. Потоа во наредните два дена се очекува зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, како и пониски дневни температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Од вторник следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. дма/са/

Фото: МИА архива