• Friday, 06 March 2026

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

6 март 2026

Скопје - Работилница „Млад франкофонски парламент“ на која ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер, швајцарскиот амбасадор Кристоф Зомер и Иванка Василевска, претседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Панел дискусија на тема „Раст на економијата - економска сигурност на граѓаните“ на која ќе учестуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министрите за финансии и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Гордана Димитриеска Кочоска и Цветан Трипуновски. (Медија центар на Влада/12:30)

Скопје -  Тркалезна маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“ во организација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. (х.„Лимак“, 6 кат, сала Лимра/11:00)

Скопје - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, ќе присуствуваат на промотивно прикажување на едукативен цртан филм „Кликни безбедно“. (Дом на култура „Билјана Беличанец“-Кисела Вода/10:00, предвидени се изјави за медиумите, пристигнување на медиумите/9:45)

Скопје - Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе одржи прес-конференција, на која ќе го промовира Извештајот за дискриминација на жени Ромки во областа работни односи. (Комисија за спречување и заштита од дискриминација, ул.„Даме Груев“ бр.1/10:00)

Скопје - Тркалезна маса на тема „Зајакнување на женското лидерство во општеството, економијата, ИКТ и културата“ во организација на Италијанската амбасада во Скопје. (Чифте амам/10:30)

Софија - Промоција на романот „Порција бара спас“ од Христо Георгиев. (Македонски културен центар во Софија, ул.„Обориште“ 7/18:30)

Скопје - Промоција на монографијата „Ехото на дамарите на пијанчани - Копачката/10 години од впишувањето на орото Копачката во УНЕСКО“ од Перса Стојановска и Етно изложба. (Галерија МЕТАНОЈА/19:00)

Скопје - Манифестација „Играм и пеам за мојата мајка“ со поднаслов „Љубов и насмевка за сите жени“. (Детски културен центар - Карпош/10:00)

Скопје - Отворање на изложба на портрети „Анатомија на прогресот“ на Миливој Симеонов. (ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје Галерија  „КО-РА“/19:00)

Скопје - Изведба на ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини. (Национална опера и балет/19:30)

______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***