• Wednesday, 08 October 2025
English
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Препорака од КСЗД до општините за соодветно домување на населението што живее во неформални и субстандардни населби

Препорака од КСЗД до општините за соодветно домување на населението што живее во неформални и субстандардни населби

14 јули 2025

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација упати Општа препорака до општините, со која ги повикува да преземат системски и недискриминаторски мерки и активности за обезбедување на соодветно домување, урбанистичко планирање, легализација на домовите, приклучоци на јавна инфраструктура, како и административна поддршка и услуги за припадниците на населението што живеат во неформални и субстандардни населби, особено Ромите.

Правото на соодветно домување е едно од основните човекови права, клучно за остварување на социјалните, економските и културните права. Животот во слабо развиени населби, со лошо изградени куќи и без пристап до вода, канализација, асфалтирани патишта, електрична енергија и други основни комунални услуги, создава нееднакви почетни услови и животни можности за овие граѓани, во споредба со оние што живеат во поразвиена средина.

Линк до препораката:

https://kszd.mk/wp-content/uploads/2025/07/Општа-препорака-за-домување.pdf

Комисија за спречување и заштита од дискриминација

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки