• Saturday, 13 December 2025

Каранфиловска Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат одговори за економскиот развој и создавање подобри услови за компаниите во Битола

Каранфиловска Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат одговори за економскиот развој и создавање подобри услови за компаниите во Битола

Скопје, 8 октомври 2025 - „СДСМ и Методија Куновски во својата програма имаат конкретни одговори за проблемите со кои се соочуваат компаниите, но и за создавање нови можности за развој“, истакна заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфиловска Пановска, на денешната средба со претставници на Регионалната стопанска комора во Битола, заедно со кандидатот за градоначалник, Методија Куновски, се наведува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.

На средбата беше претставен дел од програмата на СДСМ за развој на Битола, која опфаќа соработка и комуникација со бизнис-заедницата, подобрување на деловната клима и намалување на административните бариери, дигитални услуги за фирмите, субвенции за иновации, зелени технологии и енергетска ефикасност, инфраструктурна поддршка, јавно-приватни партнерства за заеднички иницијативи, општински фонд за жени претприемачи, партнерства со бизнис-секторот за вработување самохрани мајки и мајки на деца со попреченост.

Покрај соработката со бизнис секторот, во нашата програма меѓу приоритетите се руралниот развој и поддршката на земјоделството, рече Куновски, најавувајќи поддршка за агротуризмот, одржување на земјоделски и гастрономски саеми за директна продажба и маркетинг, развој на локални брендови како пелистерско сирење, цапарски компир, буковска пипер, бистрички праски и др.

СДСМ и Методија Куновски се посветени на економскиот развој, отворање нови работни места и создавање подобри услови за компаниите во Битола, порача заменик -претседателката на СДСМ Фани Каранфиловска Пановска. 

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска и кандидатот за Градоначалник на Битола, Методија Куновски, денеска остварија средба со културните работници од Интимен театар во Битола.


На средбата беше претставен дел од програмата на СДСМ за развој и унапредување на културата во градот на конзулите.


„Програмата на СДСМ за Битола, во делот на културата предвидува поддршка за локални фестивали, манифестации, уметнички здруженија и културно-уметнички друштва, обнова на поранешните домови на културата во руралните средини“, рече Куновски на средбата, додавајќи дека под покровителство на градоначалникот ќе се врати традицијата Средба на Егејците во Трново.


Тој истакна дека новата локална самоуправа во Битола редовно ќе ги одржува спомениците од НОАВМ и партизанските гробишта, а планирано е поставување спомен-обележја на истакнати битолчани, како Ајри Демировски, Коста Хаџи-Антоновски, Јанаки Манаки, Димитар Илиевски Мурато и други.


„СДСМ и Методија Куновски имаат јасна програма за унапредување на културниот живот во Битола. Со поддршка на локалните уметници, културните манифестации и заштита на богатото културно наследство, културата ќе биде двигател на развојот и гордост на градот“, истакна на средбата во Битола, заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

ФОТО: СДСМ 

You May Also Like