МИА Најави - МКД
- Скопје - Промоција на преобјавеното издание на македонскиот буквар „Абецедарот - сто години потоа”. (во големиот амфитеатар на Универзитетот Скопје, булевар „Партизански одреди“ број 99, Скопје/11:00)
13 декември 2025
Скопје - Промоција на преобјавеното издание на македонскиот буквар „Абецедарот - сто години потоа”. (во големиот амфитеатар на Универзитетот Скопје, булевар „Партизански одреди“ број 99, Скопје/11:00)
Скопје - Божиќен концерт со Мандолинскиот оркестар „Скопје". (во католичката црква „Пресвето срце Исусово"/19:30)
Скопје - Четврто издание на Слоу Фуд Салон 2025. (х.„Континентал“/11:00 до 20:00)
Скопје - Одбележување на 10-годишницата од Хуманитарната Организација „Св. Спас". (ресторан „Касијана“/17:00)
Скопје - Изведба на комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини. (на сцената на Националната опера и балет/ 20:00)
Лесковац - Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија ќе одржи Свечената академија по повод одбележувањето на Денот на Советот, како и јубилејот — 10 години од воведувањето на изборниот предмет „Македонски јазик со елементи на национална култура“ во основните училишта во Лесковац и околината. (во Лесковачкиот културен центар; Булевар ослобођења 101/13:00)
Скопје - Специјална проекција на кратките филмови изработени од младите филмаџии – учесници на работилницата „Филмска училница“, реализирана од Кинотеката на Република Северна Македонија и Гете-институт Скопје, како дел од меѓународниот проект ФилмЕД. (во киносалата на Кинотеката/19:00)
Гевгелија - Свечено отворање на новиот најсовремен маркет на ЏАМБО (JUMBO) во Гевгелија, сместен во новиот трговски центар „Gevgelija Mall“. (локација https://maps.app.goo.gl/3zhAUszYXb3vPEp5A/12:00)
Скопје - Второ издание на Меѓународниот натпревар „Пијано клавиш“ (PIANO KEY). (во Салон 19:19 во Скопје)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***