• Thursday, 09 January 2025

Премиерот Мицкоски присуствуваше на отворање на спортска сала и клон на детска градинка во штипската населба Три Чешми

Премиерот Мицкоски присуствуваше на отворање на спортска сала и клон на детска градинка во штипската населба Три Чешми

Кочани, 8 јануари 2025 (МИА) – Жителите на штипската приградска населба Три Чешми денеска добија нова спортска сала и клон на детската градинка „Вера Циривири“, што се во состав на основното училиште „Гоце Делчев“.

На предавањето во употреба на објектите присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, пратеници од регионот и месно население.

На свеченоста по тој повод градоначалникот на Штип, Иван Јорданов нагласи дека проектите се реализирани со владина поддршка.

-Овој спортски објект во населбата Три Чешми е со финансиски износ од нешто повеќе од 10 милиони денари, обезбедни преку блок дотациите од Министерството за образование, додека нешто помалку од три милиони денари чинеше преадаптирањето на просторот за клонот на детската градинка. Се работи за долгогодишни барања на жителите од оваа населба, при што направивме оптимизација на ресурсите и адаптиравме просторија од подрачното училиште којашто ќе служи за одвивање на воспитно-згрижувачкиот процес за околу четириесетина дечиња, не само од оваа населба, туку и од околните населени места, истакна Јорданов.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека објектите што се завршени се само најава за инфраструктурните и други проекти во штипскиот регион чија реализација ќе почне во текот на оваа година. 

-Следната недела ќе почне проектот којшто беше дел од оној прв повик на Владата, тоа е обиколницата, проект вреден околу 2 милиона евра. Понатаму, веќе од втората половина на месец јануари ќе го објавиме новиот повик за проекти коишто ќе бидат финансирани од Владата. Овде во Штип е планирано да се финансираат проекти во вредност од 6,5 милиони евра за следната година и на тој начин само ќе го подобриме квалитетот на живот на граѓаните, истакна Мицкоски.

Во рамки на  посетата на општина Штип, владината делегација предводена од премиерот Мицксоки присуствуваше на поставување камен-темелник за нов резервоар за вода во штипската населба Пребег. Се работи за капитален објект во вредност од 40 милиони денари обезбедени преку самопридонес на граѓаните на општината, а со кој ќе се реши водоснабдувањето на корисниците од високите зони во градот, особено во летниот период.та/

фото : МИА