Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата
- Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30м. има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 – 150м. на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80м. на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 – 100м. на планинскиот превој Ѓавато.
- Post By Виолета Геров
- 07:20, 9 January, 2025
Скопје, 9 септември 2025 (МИА) - Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30м. има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 – 150м. на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80м. на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 – 100м. на планинскиот превој Ѓавато. Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај, посочуваат од АМСМ
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. вг/
Фото: МИА Архива