Првото новородено бебе во Гостивар е женско, доби ваучер од вд градоначалникот
- Женско е првото бебе кое четириесетина минути по полноќ се роди во општина Гостивар во новата година.
Гостивар, 1 јануари 2025 (МИА) - Женско е првото бебе кое четириесетина минути по полноќ се роди во општина Гостивар во новата година.
Честитки и ваучер во вредност од 30 илјади денари, доби мајката на новороденчето. пд вршителот на должност гадоначалник на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, кој претпладнево беше во посета гинеколошкото одделение во Општата болница „Ферид Мурат“.
-Го даруваме првото бебе родено во Гостивар со скромен гест со ваучер од 30.000 денари. Годинава првото бебе е женско и се надевам дека оваа година ќе биде добра и ќе имаме бебиња колку е можно повеќе, изјави Лимани.
Бебето, здраво девојче тешко 3,5 килограми, долго 50 сантиметри, се родило во 00:40 часот и е во добра здравствена состојба. згм/вг/
Фото: општина Гостивар