• Saturday, 04 January 2025

Првото бебе од Крива Паланка е машко, се роди вчера на Гинекологијата во Чаир

Првото бебе од Крива Паланка е машко, се роди вчера на Гинекологијата во Чаир

Крива Паланка, 2 јануари 2025 (МИА) - Првото бебе родено во новата година, жител на Крива Паланка, се роди вчера попладне, на гинеколошко - акушерската болница во Чаир, Скопје. Момчето го донесе на свет по природен пат, 25-годишната мајка Марија.

Бебето е родено со родилна тежина од 3.650 грама, долго е 52 центиметри и е прва рожба во семејството Стојановски, радост во новата година за младите родители Младен и Марија.

Од семејството се заблагодарија до целиот медицински тим од Гинекологија,Чаир за професионалноста и посветеноста на пациентите, со акцент дека дел од стручниот тим гинеколози што го изврши породувањето беше и младата доктор Ангела Младеновска од Крива Паланка, специјализант по гинекологија и акушерство.

Во Здравствениот дом Крива Паланка веќе подолг временски период, речиси повеќе од една деценија, не функционира породилиштето, а родилките од општината и соседната општина Ранковце се пораѓаат во Куманово или Скопје, на државните или приватни клиники.ид/бт/

Фото: МИА Архива