• Wednesday, 05 February 2025

Првите мигранти денеска ќе бидат депортирани во Гвантанамо

Првите мигранти денеска ќе бидат депортирани во Гвантанамо

Вашингтон, 4 февруари 2025 (МИА) – Првиот воен лет на САД за депортирање илегални имигранти од САД во воената база во заливот Гвантанамо, Куба, треба да полета денеска, првиот чекор во она што се очекува да да биде пораст на бројот на мигранти кои ќе бидат задржани во таа поморска база, соопшти американски официјален претставник.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека базата во Гвантанамо има капацитет за околу 30.000 илегални мигранти.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет го нарече „совршено место“ за сместување на мигранти. Во изминатите неколку дена таму беа испратени дополнителни американски војници за да помогнат во подготовката на локацијата.

Дополнително, САД испратија индиски мигранти назад во Индија во понеделникот и тие летови сè уште се во тек до денеска напладне. Претходно имаше седум летови за депортација, до Еквадор, Гуам, Хондурас и Перу. јт/

Фото: ЕПА архива