• Wednesday, 05 February 2025

Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел

Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел

Вашингтон, 4 февруари 2025 (МИА) - Фактот што премиерот Бенјамин Нетанјаху е првиот странски лидер што ја посети Белата куќа покажува дека американскиот претседател Доналд Трамп „ќе продолжи цврсто да стои со Израел и оти е од се срце посветен да обезбеди сите заложници да се вратат дома“.

Ова го ијави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит пред средбата на двајцата лидери.

Таа додаде дека пратеникот на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, исто така ќе биде достапен да разговара со новинарите подоцна денеска. јт/

Фото: МИА архива