• Tuesday, 03 February 2026

По 30 години се реставрира фреската „Страшниот суд“ од Микеланџело

По 30 години се реставрира фреската „Страшниот суд“ од Микеланџело

Ватикан, 3 февруари 2026 (МИА) - Фреската „Страшниот суд“ на Микеланџело, едно од најзначајните дела на ренесансната уметност во Сикстинската капела, ќе биде реставрирана за првпат по 30 години, соопшти Ватикан.  

Во соопштението се наведува дека новата интервенција ќе овозможи постепено враќање на хроматскиот и луминозниот квалитет што Микеланџело го замислил. Сикстинската капела, позната како место каде што се одржува тајната конклава за избор на папа, годишно ја посетуваат милиони луѓе. Таа ќе остане отворена за посетители и за време на реставрацијата во времетраење од три месеци и ќе биде насочена кон отстранување на честички и наслаги што со децении се таложеле на површината и ги прикривале оригиналните бои на фреската.

Ватикан соопшти дека фреската, која го прикажува Исус Христос како го изрекува последниот суд над човештвото, ќе биде покриена со скелиња, а посетителите ќе можат да видат репродукција на делото. Другите фрески во капелата, меѓу кои и „Создавањето на Адам“ на Микеланџело, ќе останат изложени за јавноста. мв/јт/

Фото: Википедија