Драмскиот театар со претставите „Плејбои...“ и „Кармен“ утре гостува на фестивалот РУТА во Љубљана
- Во копродукциската претставата „Плејбои...“, работена по текст на Душан Јовановиќ, во режија на Иван Пеновиќ, играат актерите од четирите уметнички куќи од регионот: Лазар Христов, Јулита Кропец, Марко Гверо, Соња Стамболџиоска, Лазар Николиќ, Вукашин Јовановиќ, Нејц Језерник, Марјан Наумов и Јована Спасиќ. Актерката Билјана Драгиќевиќ-Пројковска ќе ја изведе монодрамата „Кармен“, работена по мотив од романот „Пет часа со Марио“, од шпанскиот писател Мигел Делибес. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.
You need to login to view this page en