• Thursday, 06 March 2025

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Битолски театар и Здружение на пензионери-Битола

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Битолски театар и Здружение на пензионери-Битола

Битола, 5 март 2025 (МИА) - Директорот на НУ Народен театар-Битола Васко Мавровски и претседателката на Здружението на пензионери Даница Петличкова потпишаа Меморандум за соработка.

Со Меморандумот договорено е да се промовира и стимулира посетеноста на пензионерите на претставите на Народен театар-Битола, а здружението и установата ќе соработуваат и на други заеднички активности.

Од секторот за односи со јавност на НУ Народен театар-Битола информираат дека таа национална установа потпиша Меморандум за соработка и со претседателката на Македонско научно друштво Битола, професор д-р Даниела Андоновска-Трајковска.

НУ Народен театар-Битола наскоро ќе промовира монографија посветена на јубилејот 80 години од денот на формирањето, чиј автор е Иван Додовски. мт/мд/

Фото: НТБ